-->
-->
ЕП - Хрватска 2018: Мукаетов дел од спортски форум на ЕХФ и УЕФА
-->
Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов денес во хотелот „Вестин“ во Загреб беше дел од спортскиот форум со високи гости од спортскиот живот насловен како „Спортот како економска стимулација“ во организација на словенечката ракометна федерација, но со поддршка и од ЕХФ и УЕФА.
Покрај првиот човек на РФМ, Мукаетов, на форумот зборуваа првиот човек на европскиот фудбал, Александар Чеферин (почесен гостин), Џорџо Маркети – спортскиот директор на УЕФА, Емил Тедески, сопственикот на Атлантик груп и КК Цедевита, првиот човек на словенечкиот ракометен сојуз и гигантот Горење, Фрањо Бобинац, првиот човек на европскиот ракомет, Михаел Видерер и словенечкиот министер за спорт, образование и наука, Маја Маковец Бренчиќ.
- Ние сме мала земја од два милиони жители и немаме многу спортски успеси. Би ги издвоил четвртото место на кошаркарите и петтото место на ракометарите на Европските првенства. Но, минатата сезона станавме клупски европски прваци преку РК Вардар и европски вицешампиони преку ЖРК Вардар. Така, сега овој наш бренд има свои приврзаници во Мексико, во Аргентина, насекаде низ светот. Наша цел е сите да играат ракомет, па младите категории во Македонија можат да се натпреваруваат бесплатно. Мислам дека преку ракометот може многу полесно да се афирмира нашата земја, а сега заедно со нашите пријатели од Словенија и од Црна Гора и заедно да настапуваме во обид да добиеме организација на големите спортски приредби, изјави Мукаетов.
Форумот е посетен и од голем број новинари, кои известуваат од европското првенство, а ги следат случувањата во групата во Загреб.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност