Ракомет
15. January 2018 - 12:18

ЕП – Хрватска 2018: Митревски: Треба да бидеме уште подобри

Победата над Словенија е веќе минато, а за македонските ракометари следува новиот предизвик дуелот против Црна Гора. Голманот Никола Митревски на саботниот натпревар против Словенија внесе свежина и со одбраните го најави пресвртот.
-  Дуелот со Словенија е веќе зад нас, а пред нас е натпреварот со Црна Гора. Треба да се претставиме во исто такво светло и со Црна Гора, која евидентно не играше најдобро против Германија. Ќе бидат и дополнително мотивирани. Тие се репрезентација со одлични бекови, иако се ослабени бидејќи нема да им игра Борозан. Јасно е дека и ние треба да бидеме подобри од тоа што го одигравме во саботата.
Дуелот Македонија - Црна Гора се игра вечерва со почеток во 20:30 часот, а од 18:15 часот почнува првиот дуел од 2.коло меѓу европскиот првак Германија и Словенија.