EП: Да се отворат пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија
Пратениците на Надворешно – политичкиот одбор на Европскиот парламент (АФЕТ) ги повикаа земјите членки на Европската Унија оваа година да ги започнат пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија.
-И Албанија и Северна Македонија ги завршија нивните домашни задачи, неопходни за отпочнување на пристапните преговори, е пораката на делегацијата на Надворешно – политичкиот одбор на Европскиот парламент.
Во соoпштението на ЕП се наведува дека 2019 година е клучна за Северна Македонија и Албанија, поради фактот дека земјите – членки во јуни ќе одлучуваат за подготвеноста на тие земји за отворање на пристапните преговори.
-Северна Македонија и Албанија ги направија значајните реформи под тешки околности и сега е клучно членките на ЕУ врз основа на тие достигнувања да го признаат направениот напредок и да одлучат да ги започнат пристапните преговори оваа година, се наведува во соопштението.
Делегација на Надворешно – политичкиот одбор на Европскиот парламент која од 27 февруари до 1 март престојуваше во Тирана и во Скопје ги повика двете земји да го задржат фокусот на реформите во областа на правосудството, економијата, владењето на правото и јавната администрација.
Пратеникот Туне Келем, кој ја предводеше оваа делегација истовремено предупреди дека и покрај покажаната одлучност во спроведувањето на реформите постои недостиг од национално единство, што може да го наруши процесот на ЕУ-интеграциите на Северна Македонија и Албанија.
Ново на Сител
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто