Балкан
4. February 2016 - 15:24

ЕП апелира Србија и Косово да продолжат со реформите

Европратениците ги поздравија отпочнувањето на преговорите на Србија за членство во Европска унија и напредокот во односите со Косово.

Во резолуцијата, усовоен денеска во Европскиот парламент, е потенцирано дека таквите односи би помогнале сите земји-членки на ЕУ да го признаат Косово.

Европратениците апелираа до Белград и Приштина да продолжат со целосно исполнување на договорот, кој е еден од условите за прием на Србија во ЕУ.

- Испраќаме јасна порака: Србија е на пат кон ЕУ. Отворањето на првите поглавија во процесот за членство е постигнато благодарение на нормализацијата на односите со Косово, изјави известувачот Дејвид Макалистер.

Резолуцијата за Србија беше изгласана со 498 гласа „за“, 66 „против“ и 70 „воздржани“. Со резолуцијата се повикува Србија да ги продолжи реформите со цел да се обезбеди независност на судиите, обвинителите и медиумите од политиката, како и засилување на борбата со корупцијата и организираниот криминал.

Европратенизите узвоија и резолуција за Косово со 403 гласови „за“, 130 „против“ и 104 „воздржани“.

- Иднината на независно Косово е во ЕУ, но државата треба повеќе да се ангажира во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Тоа важи и за економијата, изјави известувачот Улрике Луначек.

Таа додаде дека Косово е единствена држава од Западен Балкан чии државјани не можат слободно да патуваат во Европа и оти тоа набрзо треба да се промени.

Европратениците наведоа и дека пет земји-члени на ЕУ се уште официјално не го имаат признаено Косово и ако тоа се случи ќе доведе до поголема стабилност на регионот и би помогнало за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија.