Ракомет
16. јуни 2020 - 17:44

ЕП 2022: Македонија против Данска и Швајцарија за првите две места во групата

Попладнево во Виена беа извлечени квалификациските групи за ЕП во ракомет што во 2022г ќе се одржи во пет европски града. 

Македонија се најде во 7-та група заедно со селекциите на Данска, Швајцарија  и Финска. 
Квалификациите започнуваат во Ноември а Македонија првиот натпревар ќе го игра како домаќин. Директен пласман на ЕП обезбедија кодомаќините Унгарија и Словачка како и Хрватска и Шпанија. 
Според составот групата во која е нашата репрезентација е една од најквалитетните заедно со 8-та група во која се Шведска, Црна Гора и Романија како и третата група во која се Чешка, Русија и Украина.