Фудбал
8. July 2021 - 11:25

ЕП 2020: Англија ќе игра во големото финале со Италија

Фудбалската репрезентација на Англија е вториот финалист на Европското фудбалско првенство. Избраниците на Герет Саутгејт вечерва по продолженија од двапати по 15 минути ја совладаа селекцијата на Данска со 2-1, по еден пенал за кој сигурно ќе има многу полемики. Сепак, изборено е прво англиско европско финале.
 
Данците беа првата селекција што на овој шампионат го совлада англискиот голман Пикфорд. И тоа голчиште од слободен удар во 30 минути. Дамсгард ја носи својата селекција во водство од 1-0.
 
Дефанзивците на селекторот Хјумланд веднаш потоа беа на „испит“. Англичаните направија силен притисок кој резултираше со израмнување 1-1 во 39 минута. Автогол на стоперот Кјаер кој доколку не ја зафатеше топката во петерецот на Шмајхел, Стерлинг со сигурност ќе реализираше.