Фудбал
11. October 2016 - 21:54

ЕП 2017: Полска, еве сме доаѓаме и ние Македонците!!!

Младата репрезентација на Македонија ја совлада Шкотска со 2-0 со головите на Маркоски и Барди и го освои првото место во 3. квалификациска група со што обезбеди директен пласман на ЕП во Полска наредната година. 

Ова е историски пласман затоа што ова е прва селекција што обезбеди учество преку квалификации на вака голем настан. 
Селекторот Милевски и фудбалерите беа возбудени  на прес конференцијата каде се појавија во полн состав и најавија дека ова не е последниот збор на оваа генерација:
„ Не размислував што се случува вечерва едноставно посакував поради овие момчиња да ја совладаме Шкотска и да одиме понатаму. Затоа  што  овие момчиња тоа го заслужија. Дури кога заврши натпреварот бев свесен што се случи кога дознавм дека Украина ја совладала селекцијата на Исланд со 3-2“ - рече Милевски.