Фудбал
10. July 2016 - 12:43

ЕП 2016: Вечерва се игра 51. меч, големото финале

EП во Франција е во самиот финиш. Се играше по нов формат со 24 селекции и се одиграа досега дури 50 натпревари. Токму 51. големото финале ќе го даде новиот шампион. 

Дали тоа ќе биде домаќинот Франција по третпат или историска прва титула за Португалија. 
Французите досега немаат пораз во завршниот меч додека Португалија загуби од Грција на свој терен во единственото финале досега. 
На последните 10 меча Франција нема пораз од вечерашниот ривал.
Средбата се игра во 21ч а суди англискиот судија Марк Клатенбург.