Фудбал
23. јуни 2016 - 10:47

ЕП 2016: Ибра и Исаксон го одиграа последниот меч

Шведска, во средата, со поразот од Белгија го заврши настапот на Европското првенство, а натпреварот беше последен во репрезентативниот дрес за Златан Ибрахимовиќ и за голманот Андреас Исаксон.
 
Двајцата фудбалери најавија дека натпреварите на ЕП ќе им бидат последни во кариерите во националниот тим. 
 
Интересно, Ибрахимовиќ и Исаксон се родени во ист ден, на 3. октомври 1981 година, а во ист ден на 22. јуни 2016-та ги завршија кариерите.
 
„Горд сум на се што имам постигнато. Јас сум само едно мало момче кое доаѓа од еден мал кварт во Малме, а ја добив честа да ја пртеставувам и како капитен да ја предводам својата земја“, рекол Ибрахимовиќ кој е најдобриот стрелец во историјата на Шведска со 62 гола на 115 одиграни натпревари.
 
Голманот Исаксон против Белгија го одигра 133-от меч за Шведска.