Фудбал
20. December 2015 - 8:52

Емполи славеше на гости кај Болоња

Фудбалерите на Емполи забележаа победа на гостувањето кај Болоња со 3-2 во првиот меч од 17.коло на Италијанското првенство.
 
Два гола за гостите од Емполи постигна Масимо Макароне (42 и 48-минута), а претходно во листата на стрелците се запиша и Мануел Пучарели (24). Головите за Болоња ги постигнаа, Франко Бриенца (36) и Матиа Дестро (45). 
 
Денеска се играат останатите девет натпревари, а двојките се: 
12:30 Карпи – Јувентус 
15:00 Аталанта – Наполи 
15:00 Фиорентина – Киево 
15:00 Верона – Сасуоло 
15:00 Рома – Џенова 
18:00 Сампдорија – Палермо 
18:00 Фрозиноне – Милан 
18:00 Торино – Удинезе 
20:45 Интер - Лацио
 
Табела
Интер 36 бодови, 
Фиорентина 32, 
Наполи 32, 
Јувентус 30, 
Рома 29, 
Емполи 27...