Џет-Сет
18. November 2017 - 18:13

Емина Јаховиќ конечно прозборе за неверството на Мустафа: Не се разведувам, за жал!

Пејачката Емина Јаховиќ беше на мета на турските медиуми, кога се појави информацијата дека сопругот Мустафа Сандал ја мамел.

Како гром од ведро небо одекна веста дека Емина се разведува. Пејачката се огласи на оваа тема и стави точка на шпекулациите.

-Не, не се разведувам. Ме разведуваа тие мене и пред тоа неколку оати, пред 6,7 години. Информаците за жал не е точна. За жал на тие луѓе што се радуваа на разводот, рече Емина во емисијата Ексклузив.