Емилија Кларк ја продаде куќата во Лос Анџелес за 4,4 милиони долари
Sвездата на „Игра на престоли“, Емилија Кларк најде купувач за нејзината куќа на плажата „Венеција“ во Лос Анџелес. На неа таа ќе заработи 4,4 милиони долари, според податоци на агенцијата за недвижнинни, „Даглас Елиман“.
Глумицата ја купи оваа куќа 2016 година за 4,64 милиони долари. Лани летото, таа се обиде да го продаде имотот за пет милиони долари, но потоа двапати мораше да ја намали цената.
Куќата е изградена 2009 година и е дело на калифорнискиот архитект Ејбрамсон Тајгер. Дизајнирана е „за беспрекорен живот на отворено“, како што пишува „Mеншон глобал“. Големите стакларници во дневната соба гледаат директно кон терасата од едната страна, малата шумичка веднаш до куќата и внатрешниот двор со 30-метарски базен и покриена веранда од друга страна.
Меѓу растенијата што го красат дворот на куќата е и 80-годишното маслиново дрво. Дневната соба има тавани високи 15 метри, камин и вградени дрвени полици за книги што зафаќаат скоро цел ѕид. На приземјето има кујна со камени шанкови направени по нарачка и канцелариски простор што со излез кон дворот.
На горниот кат има две спални соби со бањи и голема просторија за плакари. Купувачите на куќата на славната глумица претпочитаа да останат анонимни. си/сд/
Ново на Сител
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна
-
Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата
-
Објавен тендер за трет мобилен оператор
-
Шукова уште пред 3 месеци се самокандидирала во СДСМ за Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Тема на денот со Горан Марковски, декан на Градежниот факултет
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје