Македонија
13. February 2020 - 13:50

Емил Крстески: Ширењето лажни вести – удар врз СДСМ

Измислувањето и ширењето лажни информации на твитер за наводно потрошени 6 (шест) милиони евра за кетеринг за еден ден во Државниот архив, е, пред се, удар врз коалиционата Влада, предводена од СДСМ и врз кредибилитетот и дигнитетот на владината и национална институција како што е Државниот архив, кој претставува значаен сегмент од нашата историја и од нашиот идентитет, изјави директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески.

Тој додава дека Државниот архив ќе поднесе тужба против сторителите на ова гнасно и злобно дело и ги повикува надлежните институции и организации да преземат чекори што се во нивна надлежност и да ги откријат и казнат сторителите на ваквото ширење измислени информации.

-Очигледно во овој предизборен период и во текот на кампањата за парламентарните избори ќе се соочуваме со вакви валкани и подли игри, како и со ниски политички удари врз коалиционата Влада предводена од СДСМ, но вистината секогаш излегува на виделина и секој си го покажува својот образ, вели директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески.