Македонија
11. December 2019 - 16:56

Емил Димитриев: Фабриката „Кранфилд фаундри“ во Пробиштип е отворена со договор со претходната Влада

На огромно задоволство на сите жители од Општина Пробиштип денеска сме сведоци на започнување со работа на новата фабрика Кранфилд фаундри. Оваа инвестиција во Република Македонија дојде уште во 2014 година, првиот договор за нејзино инвестирање во нашата држава и во Пробиштип беше со договор со претходната влада во 2015 година.

За да ги охрабриме да ја лоцираат инвестицијата во Пробиштип, претходната влада донесе одлука да изградиме индустриска зона со целокупна инфраструктура, преку владата ја задолживме државната компанија МЕПСО да обезбеди електрична енергија бидејќи типот на инвестицијата бараше огромна количина на електрична енергија.

Преку програмата за рурален развој одобривме средства на општината за водовод и канализација, и на еден начин тоа беше мотивот да помогне оваа инвестиција да се лоцира во Пробиштип во источниот дел на Република Македонија, бидејќи во ситуации кога имате изградено индустриски зони во многу поатрактивни локации беше потешко да се донесе инвеститор во овие наши краишта.

Инвестицијата е околу 20 милиони евра, морам да кажам дека првичните планови беа со навистина поразлични тајминзи. Ако одеше проектот се како што треба и ја имаше потребната поддршка од владата онака како што треба денеска ние требаше да бидеме сведоци на отпочнување со работа на втората линија од оваа фабрика. Првата линија требаше да почне со работа некаде 2018 година и да ги оптимизира оние првично планирани околу 250 вработувања и некаде овој период да биде во средина градбата на втората линија со оптимизирање на над 300  директни вработувања и околу стотина индиректни вработувања.

Во 2016 година кога го ставаме камен темелникот, во тој момент имавме средба и со други потенцијални инвеститори кои што беа заинтересирани да инвестираат во оваа зона, меѓутоа за мое жалење и на жалење на граѓаните од тие инвестиции нема ништо. Мислам дека лошата атмосфера во државата, лошиот начин на комуникација со потенцијалните инвеститори ги одвраќа.

Оваа зона има капацитет и за други компании и мислам дека овој крај има соодветна работна сила за ваков тип на капацитети бидејќи во Пробиштип и регионот има одлични средни училишта со машински и електро смер. Овој крај подолго време работи во областа на металургијата и сметам дека тоа се некои предности на крајот за ги привлече овие инвеститори.

Меѓутоа како и да е добро е што денеска претседателот на владата се надмина и призна дека сепак оваа инвестиција е започната од претходната влада, дека некој се потрудил да дојде оваа инвестиција и мислам дека ова мое задоволство го делеа веќе вработените 60 луѓе и потенцијалните нови вработувања и начин на осигурување на перспективата во овој крај.

Изјава за медиуми на Емил Димитриев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ