-->
-->
Ембид и Таунс казнети за по 2 натпревари по инцидентот
-->
Џоел Ембид од Филаделфија и Карл-Ентони Таунс од Минесота добија два натпревари казна, откако се обидоа да се степаат за време на вчерашната средба помеѓу Филаделфија и Минесота. Лигата објави дека тие биле санкционирани и за тоа што се случило на паркетот и за „континуираната ескалација по инцидентот“, осврнувајќи се на размената на зборови помеѓу Ембид и Таунс на социјалните мрежи.
Минесота исто така побара казна и за Бен Симонс, кој го држеше Таунс на подот, но до таква не дојде.
Ембид ќе ги пропушти натпреварите со Портланд и Феникс, губејќи вкупно 379.374 долари, додека Таунс нема да ги игра дуелите со Вашингтон и Минесота и ќе „осиромаши“ за вкупно 376.345 долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Над 100.000 граѓани не ги зеле личните документи во законскиот рок
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
Мостот Беласица затворен, повторно ја тестираат издржливоста
-
Транспортиран пациент од Унгарија
-
Охридското езеро под притисок од пловилата
-
Вучиќ и се „заблагодари“ на Македонија што е коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
Аеро клубот „Штип“ одбележа 100 години од своето постоење