Елтон Џон пишува песни за Лејди Гага
Новиот албум на поп пејачката Лејди Гага ќе излезе кон крајот на оваа година, а Елтон Џон ќе биде еден од авторите на албумот.
- Ги слушнав првите две песни и многу се убави, затоа што потсетуваат на нејзите почетоци, како на пример, „You & I“ и „Bad Romance“, изјави Елтон Џон во неодамнешќното интервју и откри дека на Гага со задоволство ќе помогне во пишување на песните.
Лејди Гага и Елто Џон веќе соработуваа во неколку проекти, заедно компонираа музика за цртаниот филм „Гномео и Јулија“, како и за „Muppets Thanksgiving special“, специјалната епизода Мапет шоу.
Освен деловната соработка, музичарите ги поврзува и тоа што Гага ги има крстено децата на Елтон Џон, но и покрај тоа, музичарот не го пофали третиот алум „Артпоп“ на Гага.
- Тоа беше лош албум и мислам дека тоа и таа самата го призна. Сепак, од тогаш има направено три феноменални работи. Сними албум и беше на голема турнеја со Тони Бенет и се појави во ТВ серијата „American Horros Story“, искрено рече музичарот.
Освен него, засега се претпоставува дека продуцентите Марк Ронсон и RedOne ќе имаат свој удел во новиот албум на славната пејачка.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор