Елмас: Ова ќе го паметам вечно му асистиран на Пандев за гол и победа
Измената која ја направи селекторот Игор Ангеловски на синоќешниот меч против Израел, давајќи му шанса на 17-годишниот Ељиф Елмас се покажа како клучен момент за исходот на мечот кој Македонија го доби со 1:0.
Токму по неговата генијална асистенција по кој ветеранот Горан Пандев го постигна единствениот гол на мечот само уште еднаш ги потврди квалитетите кои ги има овој млад фудбалер.
„Пресреќен сум со победата, ова е голем мотив за мене за понатаму. Асистирав на Пандев, тоа ќе ми остане секогаш во спомен, но верувам дека сега во иднина ќе следат нашите успеси! Нема да застанеме тука, затоа што Македонија има квалитет за многу повеќе“, изјави Елиф Елмас.
Елмас летово направи трансфер во Фенербахче со што дополнително го сврте внимание на европската фудбалска јавност кон себе, а во скора иднина од него се очекува да прерасне во лидер на сениорската репрезентација на Македонија.
„Овие три бода многу ни значат. чека натпревар со Албанија, се надевам дека ќе продолжиме да победуваме. Ми одговара шансата што ми ја дава селекторот, добро ме познава, ќе се трудам да ја искористам секоја прилика што ќе ми биде укажана“, изјави Елмас по мечот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација