Фудбал
27. јуни 2021 - 9:34

Елмас: Чест ми беше да ги делам овие пет години со две легенди како Пандев и Ангеловски

Фудбалерот на Наполи, Елиф Елмас испрати порака до Горан Пандев и Игор Ангеловски кои ја заокружија приказната со македонската репрезентација со Европското првенство.

На Европското првенство Горан Пандев ја заврши репрезентативната кариера, а дуелот со Холандија беше последен и за Игор Ангеловски како селектор на македонската А репрезентација.

 
-Чест ми беше да ги делам овие пет години со две вакви легенди на македонскиот фудбал и голема благодарност што ја направивте горда цела Македонија. ЕП беше едно големо искуство и се надевам дека во иднина ќе има уште вакви успеси. Благодарам на поддршката на целиот македонски народ, -напиша Елмас на „Инстаграм“.
 
 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Elif Elmas (@elifelmas24)