Елези во Виена на конференција за родовата еднаквост во функција на економскиот раст
Преку Фискалната стратегија 2019-2020 и новиот закон за буџети, особено внимание ќе се посвети на родово одговорно буџетирање, порача заменик министерот за финансии Ширет Елези на конференцијата на тема „Развивање на потенцијалот за економски раст - преку подобрување на родовата еднаквост“, што се одржува во Виена во организација на Светска банка.
- Веќе во 2018 година има напредок преку планирање со родова буџетска анализа во линиските министерства и одредување индикатори за следење на родови програми, рече Елези во излагањето на панелот на кој зборуваше за економските и социјалните трошоци кои настануваат со исклучување на жените на пазарот на труд.
Таа нагласи дека родовата еднаквост и учеството на жените на пазарот на капитал имаат придонес кон зголемување на економскиот раст. Посочи дека жените во Македонија се соочуваат со бариери на пазарот на труд, особено во руралните средини, и додаде дека преку политиките кои се водат се преземаат мерки за подобрување на родовата еднаквост.
Конференцијата се организира во рамки на зголемување и зајакнување на родовата еднаквост на регионално и меѓународно ниво, како и за подобрување на мониторингот на обврските преземени за родова еднаквост, а Елези учествува на покана на директорката на Светска банка за Западен Балкан Линда Ван Гелдер.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање