Џет-Сет
18. August 2018 - 9:53

Елена Велевска подготвена на сè од непријателот: Кога немаш аргументи го изнесуваш „валканиот веш“ од дома

Елена Велевска за „Естрада плус“  го даде првото интервју откако ги потврди информациите дека се разведува и преку социјалните мрежи сериозно го обвини сопругот за семејно насилство.

Нејзиниот сопруг пак, Марјан Мирчески против кого таа веќе покрена бракоразводна парница, вчера за  Вистина.мк изјави дека се е лага и дека бил известен од адвокатот за барањето за развод, но се уште се под ист кров со се уште венчаната сопруга.

Велевска пак, вели дека низ годините се залажувала дека работите ќе се сменат на подобро, но во интервјуто за „Естрада плус“ сепак остана резервирана за темата која е актуелна и наведе дека повеќе би сакала да зборува да кариерата. Сепак во она малку што до откри за јавноста, таа вели:

Завршува еден период кој што ми создавал проблеми во минатото и почнуваме нов живот во кој што треба да се покажеме храбри. Јас знам да се носам со сите падови, порази и успеси. Така ќе биде и понатаму, не се сомневам во себе и сум сигурна дека следува подобар живот.

Бев подготвена на тоа се што ќе направи непријателот, но кога немаш аргументи го изнесуваш валканииот веш од дома. Сакам да ставам крај и да не дискутирам бидејќи се што ќе кажам може да биде злоупотребено, завршува пејачката.

Инаку, досега во медиумите неколкупати се појавија информации дека на Велевкс и Марјан не им цвета во бракот, но тогаш тоа остана само како шпекулација, се досега кога таа ја изнесе својата страна на приказната, а и тој неговата.