Живот
30. April 2018 - 22:13

Елена ги задавила своите мали деца па ги запалила: Нивните тела ги оставила во напуштен склад, но ги откри полицијата

Елена Каримова (27) самохарана мајка од Новгород во Русија е обвинета дека ги убила и запалила своите две деца и потоа нивните тела ги оставила во напуштен склад.

Според изјавата која ја дала во полиција, Елена својата ќерка Хадија (4) и синот Сулејман (2) ги ставила во седиштето на изнајмен автомобил и ги однела во Нижни Новгород. Потоа го запрела возилата, ги задавила децата, еднотоо па другото.

Потоа таа дошла до бензинска станица и купила масло за ложење. Телата на децата ги однела до шумата во млизина на автопатот и таму ги запалила.

На Каримова и текнало дека остатоците од телата може да ги пронајдат локални ловци па ги собрала јагленисаните тела, ги сместила во автомобилот и ги вратила дома.

Следниот ден, телата на децата ги однела до напуштен склад, кој понекогаш возачите на камиони го користеле како импровизиран тоалет. Повторно ги запалила телата и си заминала дома.

Евгенија Катјушев, жител на блиското село, им притрчал на помош на пожарникарите и заедно со нив ги пронашол трагите на злосторството.

-Пожарникарот прво помислил дека јагленисаните коски се на куче. Кога се доближил поблиску, видел дека станува збор за две деца. Кога искоментирал дека положбата на телата е необична, се прошириле гласини дека децата се тука донесени во куфер. Телата биле толку оштетени што само една нога останала цема и било невозможно да се утврди полот на децата, рече Катјушев за локалните весници.

Полицијата веднаш покренала истрага и неколку часа подоцна Каримова е уапсена. Во саботата е осудена на два месеци притвор, а потоа ќе помине низ психијатриско вештачење.

Ненормално трошела на себе

Веста ги шокирала нејзините пријатели и роднини кои не верувале дека жената е способна на такво нешто. На социјалнтие мрежи таа редовно објавувала трогателни постови со своите дец,а а на видеото кое позира со својата ќерка, само 10 дена пред убистовото, напишала: Ти си моја душа, моја најдрага малечка личност, она поради кое што сум на нозе, поради кое живеам“.

Во меѓувреме е откриено дека Каримова често била во финансиски проблеми поради ненормално трошење. Жената која се занимавала со препродажба на козметика и шминка, само месечно на изнајмување автомобили трошела околу 40.000 рубљи (650 долари), а неодамна си платила и пат во странство.

Во банка имала големи долгови, а го тужела и поранешниот сопруг околу децата, за алиментација. Тој во меѓувреме повторно се оженил. Во изјавата што ја дала во полиција Елена изјавила дека “била принудена да ги убие своите деца, зошто не можела да ги издржува“.