Џет-Сет
24. јуни 2016 - 21:44

Елена Бимбилоска блесна на сцената на „Пинк ѕвездички“

Вечерва во шоуто Пинк ѕвездички втора настапи Македонската Елена Бимбилоска (15) Таа ја одбра песната "Parla piu piano" од Џиани Моранди.

-Кога се симна по скалите изгледаше како некоја дива. И тогаш ја запеа оваа волшебна арија. Јас сфаќам дека ти лежи некоја италијанска сцена. Ти предвидувам убава, убава кариера, и рече Леонтина.

-Прекрасно мене ми изгледаше како некој мјузикл, рече Хари.

-Мене ми беше сјајна. Мислам дека е ова идеална прилика да покажеш дека тоа е твоја сериозна предност и карактеристика што те одвојува, рече Милан Станковиќ.

Покрај Елена во самата завршница на шоуто вечерва настапуваат и македонските претставнички Мартија Станојковиќ и Антонија Гиговска.