Македонија
19. September 2019 - 16:47

Електрични тротинети- имаме ли инфраструктура и закони за возењето да биде безбедно?

Од  почетокот на годинава имало 8 сообраќајни незгоди во кои биле повредени корисници на електрични тротинети. Надлежните бараат решение за нивно користење. Се работи на инфраструктура, а се изготвува и новиот закон...

За надлежните ова е само уште еден предизвик на кој мора да одговорат, велат од Општина Центар и Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот.

Младите без проблем го прифатја новиот тренд, но не и повозрасните кои се  жалат дека електричните тротинети им пречат на јавните шеталишта, а се чувствуваат  и небезбедно.

Засега не е регулирано кој, на која возраст, каде ќе се возат  и каква опрема треба да имаат корисниците на ова превозно средство.

Дел од европските земји  им објавија војна на електичните тротинети. Во Франција  веќе се изрекува парична казна од 135 евра за возење на тротинет по тротоар и казна од 35 евра за паркирање на тротоар. Во Германија кориснок може да биле лице над 14 години и да вози со 20 километри на час. Италија пак привременоги забрани додека да се изготви закон.