Македонија
13. October 2019 - 16:46

Ел чека објави разговор Шеќеринска-Бесими - Шеќеринска барала принципиелно гласање на ДУИ во ДИК

Ел Чека објави уште еден прислушуван разговор.. Тврди дека на снимката се слушаат гласовите на Радмила Шекеринска и поранешниот вицепремиер Фатмир Бесими. Телефонскиот разговор кој трае две минути е од периодот на локалните избори во 2013-та година.. Во снимката се слуша како Шекеринска бара од Бесими нивниот претставник во Државната изборна комисија да гласа принципиелно за победата на социјалдемократите во Центар и Куманово.

По објавување на снимката, Шекеринска преку фејсбук потврди дека во разговорот се слуша нејзиниот глас. Според неа, “бомбата“ ја покажала разликата, како што таа пишува, “меѓу нас и нив“..

„Тие се закануваат, ние бараме принципиелно да се гласа; тие крадат, ние бараме да не се крадат победите. За жал, ништо не им беше свето и на државата и го приредија срамот со трите прегласувања на локалните избори 2013“, пишува Шекеринска..

Според опозицијата, разговорот објавен од Ел Чека укажувал дека постојат така наречени бомби и за СДСМ, а во кои има сомнеж за нелегални дејствувања.

„Евидентно е дека постоеле такви снимки. Евидентно е дека постоеле и такви снимки кои што имаат, укажуваат индиции за извесни криминогени дејанија, нелегални дејанија, а сепак требаше да чекаме да се објавуваат преку интернет од извесни други места. Тоа го покажува само октоподот, онаа спрега помеѓу Јавното обвинителство, СЈО, извршната власт, делови од законодавната власт“, изјави Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Ел Чека подолг период објавува снимени телефонски разговори.. Неколку пати социјалната мрежа ги бришеше неговите профили на фејсбук а против него македонските власти покренаат и обвинение.Според истражните органи, зад псевдонимот Ел Чека се крие кичевецот Шекерим Ахмеди кој моментално престојува во Чикаго.. Тој е обвинет за неовластено прислушување и тонско снимање, кривично дело за кое предвиден е затвор до пет години..

Инаку за влијание при одлучувањето на членовите на ДИК во 2013-та, случај водеше специјалното обвинителство.Осудени на затворски казни од 3 до четири и пол години се Сашо Мијалков, Мендух Тачи и членовите на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ и ДПА.. Беа осудени дека Мијалков телефонски побарал од Тачи, членот на ДПА да гласа во корист на ВМРО-ДПМНЕ за да се направи штета врз изборниот резултат на локалните избори во Струмица.