Еквадорски домородци заробија, па ослободија шестмина
Амазонското племе од селото Ќумаи во Еквадор, ги ослободи шестемина заложници, коишто беа заробени со барање – на мештаните да им се вратат посмртните останки на поглавицата. Тој пак, починал од Ковид-19 болеста.
Во четвртокот изминатава недела, двајца полицајци, двајца војници и двајца цивили беа заробени од домородците близу границата со Перу. Началникот на полицијата, генерал Патрисио Кариљо потоа бил предводник на преговорите со заробувачите.
Водачот на племето починал од коронавирус, а бил погребан според правилата на здравствените власти. На крајот, останките сепак, му биле вратени на племето.
Министерката за внатрешни работи на Еквадор, Марија Паула Ромо на Твитер објави дека на ослободените заложници им е направен медицински преглед по престојот во амазонската џунгла.
Специјална екипа ја извршила ексхумацијата на останките на племенскиот вожд, по што властите ги превезле до селото Ќумаи.
Ново на Сител
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно