Балкан
22. August 2019 - 8:42

„Експрес“: Косовскиот Парламент денеска заседава за самораспуштање

Членовите на косовскиот Парламен денеска се собираат на вонредна седница на која ќе треба да гласаат за распуштање на законодавниот дом – потег што ќе го ослободи патот за предвремени избори во  земјата, забележува електронското издание на приштинскиот дневен весник „Експрес.

Седницата за закажана за 10 часот по локално време.
 
Според прес службата на парламентот, прва точка од дневниот ред е гласање за ратификување на финансискиот договор IPA за 2018 меѓу Косово и Европската унија, додека гласањето за распуштање на парламентот е втора точка на дневниот ред.

Политичките партии веќе се договорија токму денеска да одлучуваат за распуштање  на законодавниот дом.  Ваквиот договорот беше постигнат по оставката на премиерот Рамуш Харадинај кога беше повикан да се јави во судот во Хаг како осомничен за неговата улога на командант на Армијата за ослободување на Косово (ОВК) за време на војната од 1998-1999 година.