Свет
27. August 2017 - 12:53

Експлозија во складиште за оружје во Азербејџан

Воено складиште за оружје во Азербејџан денеска беше зафатено од пожар, по што следуваше експлозија, соопшти тамошното Министерство за внатрешни работи.

Според прелиминарните податоци, во експлозијата и пожарот никој не е повреден.

Азербејџанските власти не ја наведоа точната локација на експлозијата, но локалните медиуми наведуваат дека станува збор за Сијазан во североисточниот дел на земјата.

Медиумите уште наведуваат дека поради инциднетот, затворен е автопатот кој престолнината Баку ја поврзува со Русија.