Балкан
1. December 2016 - 10:14

Експлозија во ресторан за брза храна - Најмалку шест лица се повредени

Најмалку шест лица се повредени, а едно се води како исчезнато, при експлозија по која избувнал пожар во ресторан за брза храна на плоштадот Викторија во центарот на Атина.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, во гаснењето на пожарот учествуваат 20 пожарникари со осум противпожарни возила.

Експлозијата, што се случи претпладнево, најверојатно претставува несреќен случај, предизвикан од истекување на пропан.