Свет
23. May 2022 - 17:41

Експлозија во ресторан во Абу Даби, неколкумина повредени

– Неколку лица се повредени при експлозија на плинска боца во ресторан во Абу Даби, објави локалната полиција на Твитер.

Како што наведе полицијата, во експлозијата биле оштетени и неколку продавници.

Екипите за цивилна одбрана работат на гаснење на пожарот.

Засега не е прецизирано колку луѓе се повредени во пожарот, ниту колку објекти се оштетени.