Свет
29. јуни 2016 - 10:59

Експлозија во џамија во која се наоѓале неколку стотици верници

Во Австралискиот град Перт фрлена е експлозивна направа за време на вечерната молитва во џамија, во која се наоѓале неколку стотици верници.

Додека присуствувале на молитвата верниците слушнале силна експлозија и брзо ја напуштиле џамијата, пред која забележале автомобил во пламен, јавуваат австралиските медиуми.

На ѕидовите на џамијата биле напишани графити, кои пропагираат говор на омраза.

Во нападот нема повредени.