Свет
25. March 2016 - 14:32

Експлозија во Брисел: Во тек е полициска акција, едно лице загинато

Во бриселскиот кварт Сарбек во тек е голема операција на полицијата, а како што јавува агенцијата BELGA, на почетокот на акцијата се слушнала експлозија.
 
На лице место се голем број на припадници на специјалната полиција, оклопни возила и воени камиони.
 
„La Libre Belgique“ објави дека едно лице во операцијата е „неутрализирано“. Квартот е блокиран.
 
Засега нема други детали.
 
Во терористичките напади на аеродромот и метро станицата во Брисел во вторникот загинаа повеќе од 30 лица, а преку 300 беа повредени. После тоа белгиската полиција спроведе голем број рации, а медиумите ја поврзуваат и оваа операција со неодамнешните напади.