-->
-->
Експлозии во складиште за оружје во Турција, 17 лица се повредени
-->
Најмалку 17 лица се повредени во две експлозии во складиште за оружје во југоисточниот дел на Турција.
Двете експлозии одекнале доцна синоќа во складиштето на Командата на механизираната бригада во провинцијата Санлиурфа, на границата со Сирија. Во нив повредени биле 16 војници и еден цивил, кој се наоѓал на терасата од својата куќа во близина на складиштето.
Гувернерот на провинцијата Абдулах Ерин изјави дека по експлозијата избил пожар, што екипите набрзо го ставиле под контрола.
Ерин наведе дека е отворена истрага која треба да ја утврди причината за несреќата, додавајќи дека засега во оптек е варијантата дека станало збор за „техничка грешка“.а
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Општина Крива Паланка ќе издвои 2.8 милиони денари за образование во 2020 година
-
Владата ќе го промовира проектот за фотоволтаични системи
-
Апостолски: Не почна седницата за оценка на обвинението на 27април
-
Утрово најстудено во Берово минус осум степени
-
Туск за „Гардијан“: ЕУ направи голема грешка, особено кон Скопје
-
Сопругата на Камчев имала температура и не дојде да сведочи
-
Свечена заклетва на 53 нови американски волонтери во земјава
-
Ликовна манифестација „Творење и креирање дела од отпад од пакување“