Експлозии во Иран, американски медиуми јавуваат за израелски напади
Иранските државни медиуми утрово објавија за експлозии во центарот на Исфахан додека американските медиуми цитираа официјални лица кои тврдат дека Израел извршил одмазднички напади врз својот главен ривал.
Системите за ПВО над неколку ирански градови беа активирани, објавија државните медиуми, откако државната телевизија соопшти дека експлозии се слушнале во близина на централниот град Исфахан.
Израел претходно предупреди дека ќе возврати откако Иран истрела стотици проектили и беспилотни летала врз Израел во текот на минатиот викенд. Повеќето од нив беа пресретнати.
Иранската новинска агенција Фарс објави дека се регистрирани „три експлозии“ во близина на воената воздухопловна база Шекари во северозападниот дел на провинцијата Исфахан, додека портпаролот на иранската вселенска агенција Хосеин Далиријан изјави дека „неколку“ беспилотни летала биле „успешно соборени“.
„Засега нема извештаи за ракетен напад“, објави Далиријан на социјалната мрежа Х.
Нуклеарните постројки во Исфахан се пријавени како „целосно безбедни“, објави иранската новинска агенција Тасним, повикувајќи се на „сигурни извори“.
Американските телевизии Еј-Би-Си Њуз и Си-Би-Ес Њуз објавија дека нападите биле извршени од Израел, цитирајќи американски официјални претставници.
Засега нема коментар од Белата куќа или од Пентагон.
Израелската војска објави дека – „Во моментов немаме коментар“.
Иран – клучниот поддржувач на палестинската милитантна група Хамас и либанскиот Хезболах – го започна нападот како одмазда за нападот на 1 април врз неговиот конзулат во Дамаск, за кој нашироко беше обвинет Израел.
Според локална активистичка група, имало и експлозии во јужна Сирија.
„Имаше удари врз радарска позиција на сириската армија“, рече Рајан Мааруф, кој ја води антивладината веб-страница „Suwayda24“ која покрива вести од провинцијата Свеида на југ.
„Иранската воздушна одбрана е активирана на небото на неколку провинции во земјата“, соопшти официјалната новинска агенција на Техеран ИРНА.
Новинската агенција Мехр објави дека „летовите за Техеран, Исфахан и Шираз и аеродромите на запад, северозапад и југозапад се прекинати“.
По налетот на иранските проектили, израелските власти не кажаа кога и каде ќе возвратат, но премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека неговата земја го задржува правото да се заштити.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш вчера даде темна слика за ситуацијата на Блискиот Исток, предупредувајќи дека зголемените тензии околу војната во Газа и нападот на Иран врз Израел може да прераснат во „регионален конфликт од целосен размер“.
„Блискиот исток е на раб на пропаст. Последните денови се забележува опасна ескалација — со зборови и со дела“, рече Гутереш пред Советот за безбедност.
„Една погрешна пресметка, една погрешна комуникација, една грешка, би можеле да доведат до незамислив регионален конфликт од целосен обем кој би бил катастрофален за сите инволвирани“, рече тој, повикувајќи ги сите страни на „максимална воздржаност“.
Ново на Сител
-

Алиу за случајот со почината пациентка: ДСЗИ е веќе на терен, денеска ќе потпишам да се формира стручната комисија
-

Универзитетските асоцијации во Србија повикаа на собир утре пред Собранието да ја поддржат Дијана Хрка
-

Свекор нападнал снаа со остар предмет во Кавадарци
-

Татко и син од Демир Капија измамени за 14.700 денари откако аплицирале за работа во странство
-

Сиљановска Давкова за ИПАРД: Строго треба да се санкционира злоупотребата, одговорност мора да има
-

Протест на земјоделците во Атина – во фокусот скандалот со европските земјоделски субвенции
-

Во штипскиот Основен суд на 27 ноември почнува судењето за убиството на турскиот државјанин
-

15-годишник со Голф направил тешка сообраќајка во Кондово, повредени шест лица меѓу кои 2-годишно девојче
