Македонија
24. јуни 2016 - 16:34

Експертите предупредуваат: Се врши притисок врз судството

Мешањето на странските амбасадори во македонското судство претставува директен упад во правната држава, смета универзитетскиот професор Тања Каракамишева.

Таа го дели ставот со претседателот Иванов, дека правосудните органи во Македонија чувствуваат се повеќе притисоци од надвор.

Според Каракамишева доколку истите продолжат и во иднина постои опасност од пречекорување на надлежностите од страна на странските амбасадори.

Професорката смета дека државата треба да се постави поостро кон оваа состојба бидејќи во иднина ова може да стане пракса во Македонија. Каракамишева вели дека доколку е потребно МНР да испрати и протестни ноти.

Каракамишева заклучува дека ваквите постапки на амбасадорите во многу други држави би биле санкционирани како група повреда на амбасадорските овластувања.