Македонија
11. September 2019 - 16:16

Експертите поделени- дали без закон работењето ќе биде законско?

Различно гледиште од експертите по кривично право за Законот за Јавно обвинителство.

Пропаѓањето на синоќешните преговори не е изненадувачко, смета професорот Калајџиев. За него, погубно е да политичарите врз основ на нивните интереси, но и без присуство на стручни лица, да решаваат вакви крупни прашања од правниот поредок.

Калајџиев убеден дека евентуалното решение за Законот нема да биде одржливо.

“Во принцип не прифаќам за важни институции за правниот поредок да се договараат политичките елити, кои и самите се инволвирани во корупција. Не е и нивна сфера на интерес...”

Различен став од Калајџиев пласира академикот Камбовски. Правниот систем не дозволува вакуум, а настанатата ситуација се решава со примена на основниот Закон за Јавно обвинителство.

Прв потег треба да биде избор на нов Јавен обвинител.

“Доколку Собранието не го усвои Законот до 15-ти септември, до кога трае мандатот на СЈО, тогаш на сила стапува постоечкиот Закон за Јавно обвинителство. Единствено решение е веднаш да почне постапката за избор на Јавен обвинител”

Своите различни толкувања за новиот Закон за Јавно обвинителство Камбовски и Калајџиев имаа можност да ги пренесат на министерката Дескоска, при консултациите во Правда околу неговото изготвување.