Бизнис
24. јуни 2021 - 16:36

Експертите и опозицијата критикуваат - зелениот данок е кризен данок кој нема да се користи за екологија

Еколошката такса нема да има никакво влијае на екологијата. Бранимир Јовановиќ, поранешен советник на министерот за финансии во изјава за Сител вели дека Владата наместо да примени ефективни мерки, се решава за зелената давачка и тоа на крајно нетранспарентен начин. Да беше мерката еколошка немаше да се сечат дрва и градат згради во центарт на Скопје, а ќе имаше и инвестиции во обновливи извори.

И според опозицијата, оваа мерка нема да влијае на однесувањето на граѓаните. Професорот Славески вели дека ова не е еколошка такса туку кризен данок кој ќе ги зголеми трошоците на граѓаните во услови на криза.

На изјавата на Славески реагира владејачката партија. „Целта на воведувањето на еколошката такса е доследна примена на начелото „загадувачот плаќа“ и прибирање на потребните средства за преземање на мерки и активности за заштита и унапредување на животната средина. Борбата против загадувањето предизвикува финансиски импликации, а еколошките такси ќе бидат наменети исклучиво за зелени инвестиции и зелени работни места“, соопшти СДСМ.