Македонија
24. јуни 2021 - 16:42

Експерти за Сител: Критиката кон ЕУ е издржана, потребен фокус на реформите дома

Критиките на Заев и Рама упатени до ЕУ, според експертите по меѓународно право, јасно укажувале дека е нарушен интегритетто на унијата  и заложбите за членство на земјите од Западен Балкан. Велат аргументирани биле острите пораки на двајцата премиери.

„Таа порака трева да се повтори затоа што оваа порака која што ја добиваме, помалку или повеќе гласно од сите членки на ЕУ, освен од Бугарија. Значи дефинитивно е во прашање кредибилитетот на ЕУ и нејзината улога на Балканот“

„Додека претходно се молчеше во име на давање предност на дипломатските решенија, сега оваа наша јасност, концизност во изјавите, мислам дека придонесува само да се зголеми свесноста колку е проблемот голем и внатрешниот притисок врз Бугарија во рамки на ЕУ исто така да биде поголем“

Експертите не очекуваат дека по изборите во Бугарија ќе се одлбокира процесот за проширување на ЕУ.

И покрај разочарувањето од ЕУ, неопходно е да се продолжи со спроведување на реформите кои Европа ќе донесат во земјава, порачуваат експертите.