Македонија
3. January 2016 - 16:56

Експерти: Спасовски спроведува партизација и реваншизам во МВР

Началникот на одделот за организиран криминал во МВР е следен на налетот на партиската чистка на Оливер Спасовски, јавува Курир. Порталот пишува дека Спасовски на ваков чекор се решил откако овој началник ја открил фабриката за афери на СДСМ во која се покажа директна вмешаност на раководството на СДСМ. На социјалните мрежи можеше да се забележат фотографии на Спасовски и Заев со осомничените а лидерот на СДСМ призна дека прво осомничениот Чауш е член на неговата партија.

Во последните неколку дена Спасовски интензивно го партизира Министерството. Меѓу унапредените партиски кадри на СДСМ е и сопругот на Фросина Ременски Јонче кој спротивно на законот е унапреден за 4 позиции.

За експертите ваквото однесување на Спасовски покажува како СДСМ го подразбира практикувањето на власта и дека партијата се однесува исто како пред 10 години

Претходно, Спасовски ги смени началниците во речи си сите сектори на МВР а интензивно се ангажираат и партиски кадри секаде каде што за тоа ќе се најде простор.
Министерот Чавков веќе поднесе тужба до Управниот суд со која го оспори партизирањето на МВР