Македонија
6. February 2016 - 16:48

Експерти: Молкот на Јанева е дел од мастерпланот за заедничко дејствување со СДСМ

Заев јавно ја диригира работата на Специјалното јавно обвинителство, а Катица Јанева молчи. Изјавите на опозицискиот лидер дека Специјалното обвинителство  ќе започне со испорачување на обвиненија и притвори, кои ќе влијаат и врз датумот на изборите, во јавноста го отвори прашањето: Дали Јанева работи по закон или според желбите и наредбите на СДСМ?

- „Не само што има формирано Специјално обвинителство, тоа обвинителство ќе испорача наредби за истраги, обвинителни акти и дај Боже и притвори за овие криминалци што ја водат државата, рече Заев. Чекам резултати. Јас се борев заедно со вас за ова Специјално обвинителство, е сега резултатите ќе се испорачаат и тоа ќе има влијание врз изборите“ рече Зоран Заев лидер на СДСМ.

Според универзитетскиот професор Оливер Андонов, оваа изјава на Заев е директер упад во надлежностите на Специјалното обвинителство,  а молкот на Јанева е само потврда за нивното заедничко дејствувње. Во недостаток на политичка програма со која ќе ги придобие граѓаните , Заев се потпира на постапките на Јанева, која води обвинителство чија примарна задача е спроведување на закони, а не одредување датум на избори. Целата оваа состојба според Андонов е особено опасна за уставниот поредок на земјава и ги држи граѓаните во неизвесност.

Вчерашните заклучоци на Советот на јавни обвинители дека Катица Јанева незаконски и брутално ги избркала од работа двете обвинителки од својот тим, за што дала и лажен исказ дека тие заминале по свое барање, дополнително влијае на намалување на кредибилитетот на Специјалното обвинителство во иднина. Првото обвинение, пак против близок соработник на Оливер Спасовски кој со поткуп од 100.000 евра се обидел да влијае врз сведок да потпише лажен исказ во полза на Специјалното обвинителство, за Андонов е само потвда за незаконското работење на министерот Спасовски и целта со која тој беше поставен за прв човек во Министерството за внатрешни работи.

И покрај се, професорот Андонов вели дека сите останати партии во земјава се свесни за ризиците од целата ситуација и намерите на СДСМ и дека токму тие нема да дозволат прекршување на Изборниот законик и одложување на изборите според желбите на опозициата.