Македонија
11. January 2017 - 17:08

Експерти: Груевски потврди дека националните се пред партиските интереси

Националните интереси се пред партиските- ова според експертската јавност е суштинската порака од последното интервју на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Изјавата дека влада нема да се прави по секоја цена докажува дека мандатарот не гледа само кон краткорочните цели.

Според Пандов, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ останал на принципиелните позиции по однос на сите прашања, вклучително и прашањето за СЈО, меѓуетничките односи и активностите на Сорос. Смета дека е добро што јавнос е говори кој стои зад политичката криза и како милијардерот влијае на состојбите во земјава.

Во последното интервјуз а Дневник Груевски порача и дека ќе следуваат кадровски промени главно во 3тиот ешалон со кои партијата ќе добие нова свежина и ќе вклучи лица кои имаат силен елан да ја спроведуваат програмата на ВМРО-ДПМНЕ.