Експерт: Околу 800 жени-борци на ИД се држат против своја волја во северниот дел на Сирија
Околу 800 жени, кои се приклучиле кон џихадистичката група Исламска држава, се задржани против своја волја заедно со нивните деца во курдски реони во северниот дел на Сирија, пишува германскиот весник „Велт“.
Весникот го цитира експертот за тероризам од меѓународната организација „Хјуман рајтс воч“, Надим Хури, според кого, меѓу 800-те жени има 15 германски државјанки. Тој се сретнал и разговарал со нив минатиот месец. Тие и нивните деца се држат во неколку кампови.
- Овие жени се наоѓаат во многу тешка ситуација. Посебно за малите деца условите се многу лоши, истакна Хури.
Експертот тврди дека жените по потекло се од 40 различни земји, меѓу кои Канада, Франција, Велика Британија, Турција и Австралија.
Тие имаат желба да се вратат во својата татковина, дури против нив да биде поднесена и кривична пријава.
Хури ги повика европските влади да им дозволат на децата да се вратат.
- Децата не извршиле никакви злосторства. Тие се жртви на војната и често дури и на своите радикализирани родители, нагласи експертот на „Хјуман рајтс воч“.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација