Балкан
1. December 2015 - 18:01

Екплозија во Инстанбул: Запрено метрото има и мртви!

На една од станиците во метрото во Истанбул одекнала експлозија.
 
Локалните медиуми пишуваат дека експлозијата се случила на станицата Баурампаша, а поради инцидентот веднаш бил прекинат сообраќајот во метрото.
 
Повеќе противпожарни и амбулантни возила пристигнале на местото на случката, а експлозијата се слушнала и во неколку градски квартови.
Турскиот Haberturk.com известува дека има едно починато лице, а едно е повредено, а се шпекулира дека експлозијата ја предизвикал расипан трансформатор.
 
Но, Турската ТВ станица НТВ потоа пренесе  дека е можзно да се работи за бомба која била поставена на лап топ, пренесува Ројтерс.
„Дејли Меил“ пренесува дека во поедини делови од Инстамбул е исклучена струјата.
 
Поедини медиуми јавуваат дека по експлозијата се слушнало и неколку пукања.