Бизнис
13. April 2016 - 16:41

Економијата расте солидно, но политичката неизвесност создава ризици

Добар старт и зголемен ризик од политичките случувања. НБРМ во најновиот извештај констатира дека во првиот квартал од годината продолжил солидниот раст на економијата, а движењата во клучните сектори се поволни, сепак предупредува дека случувањата на домашната поилитичка сцена можат да се прелеат на економијата. 

Во однос на домашните ризици, стои во соопштението, и покрај тоа што во досегашниот период нивното влијание беше релативно мало и ограничено, евентуалното оддолжување на неизвесноста поврзана со политичките случувања доведува до можност таа да се прелее во економијата заради поголема воздржаност на домашните и странските субјекти.

На иста линија е и бизнис секторот. Продолжувањето на политичката неизвесност не е добра вест ниуту за домашните ниту за странските инветитори.

Во првите три месеци НБРМ конснатира умерен пад на ликвидноста на банките, но ризиците се ублажени преку мерките на централната банка, па и натаму расте кредитирањето. Годишната стапка на раст на вкупните кредити во март изнесува 8,4 отсто и е умерено над проекцијата за првиот квартал на 2016 година. И штедењето бележи раст над планираното.

НБРМ најавува дека внимателно ќе ја следи состојбата, а монетарната политика во следниот период ќе зависи од стабилизирањето на домашниот политички контекст и нeговите ефекти врз економијата.