Македонија
28. August 2021 - 16:35

Екологистите од Охрид бараат затворање на депонијата Буково и на струшката депонија

Алармантна состојбата со депонијата Буково реагираат граѓанските активисти. Тие велат дека загрижува тоа што оваа летна сезона постојано гори а непријатна миризба и чад се чуствува до Охрид и најавија дека нема да се откажат од битката за чиста животна средина се додека депонијата во Буково и струшката не се дислоцираат.

Жителите на околните села во близина на Буково кои неодамна протестираа велат дека депонијата која неконтролирано гори им го загрозува здравјето и бараат трајно решение  на проблемот.

Ќатоски истакна дека потребна е национална стратегија за решавање на овој проблем и експерти кои ќе утврдат локација за депонирање на отпад.

Од ЈП „Охридски комуналец појаснуваат дека се уште останува проблемот со неовластените лица кои престојуваат на депонијата и предизвикуваат пожари, додека пак од локалната на став дека според Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион и препораките од УНЕСКО депонијата „Буково“ треба да биде затворена, но преземањето на оваа мерка зависи од одлуката за одредување на локација и отворање на регионална депонија за Југозападниот регион.