Спорт плус
18. October 2018 - 19:53

ЕКК: Победи за Алкалоид и Гамбит Асеко

Македонскиот првак Алкалоид по поразот од Валеренга се врати на победите совладувајќи го израелскиот претставник Бер Шева со 4,5: 1,5 со што останува во трката за највисок пласман.

          Динг Лирен, Јанг Ју и Јаковенко забележаа победи против  Ефименко, Постни и Хузман на првата, втората и четвртата табла.  Ремизираа Елјанов и Криворучко и Андрејкин.

Вториот наш претставник  Асеко Гамбит кој изненадува со добри игри забележа победа од 3.5 спрема 2.5 против екипата на Грин Вуд од Англија.  Победата ја обезбедија Стојчев, Динев и Андоновски на последните три табли додека Николовски ремизираше на втората табла.