-->
-->
ЕКК: Алкалоид и Гамбит Асеко тргнаа со победа
-->
Шахистите на Алкалоид забележаа убедлива победа во рамки на првото коло од Европскиот клупски куп 2015 што се одржува во Скопје.
Алкалоид триумфираше со 5,5:0,5 против британскиот претставник „Блекторн Русија“.
Победи забележаа Јаковенко, Андреикин, Криворучко, Ју и Недев. На првата табла, противникот на Иванчук, со ризична игра и жртви на две фигури успеа да стигне до вечен шах, односно реми. Во останатите партии, шахистите на „Алкалоид“ со сигурна игра не им дадоа шанса на своите противници и притоа Јаковенко и Андреикин ги принудија противниците на капитулација уште во средишницата, а останатите со постепено зголемување на предноста, извојуваа победи во завршницата од партиите.
Од другите македонски екипи победа од 4,5 : 1,5 оствари и Гамбит Асеко против Гонзага (Ирска), додека прази во 1.коло забележаа Центар - Марија Сал (Австрија) 0,5:5,5 и Карпош од Женева 2:4.
Во женска конкуренција Гамбит Асеко оствари максимални 4:0 против Мидланд од Англија.
Ова е Европски куп со досега најсилен состав на играчи, односно со присуство на речиси целата светска шаховска елита. Рејтинг – фаворитите „Сокар“ Азербејџан и „Сибир“ Русија. Како и останатите топ-тимови се интернационален микс на елитни играчи предводени од поранешните светски прваци Топалов и Крамник.
Првото коло помина без изненадувања, па фаворитите извојуваа сигурни победи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велигденска честитка на на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел