Балкан
4. May 2016 - 8:38

ЕК се очекува да се произнесе за укинување на визите за турските граѓани

Европската комисија се очекува денеска да се произнесе во поддршка на укинување на визите за турски граѓани.

Според извори на кои се повикуваат западни медиуми, тоа прашање ќе биде условено со мерки што ќе треба Турција да ги преземе за да добие укинување на визите за турски граѓани при краткорочни патувања во Шенген-зоната.

Анкара го засили притисокот во изминатите недели со закани дека нема да го спроведува својот дел од договорот Турција–ЕУ за миграцијата од 18 март ако европското ветување за укинување на санкциите не биде исполнето.

Според ЕК, „досега се исполнети 64 од 72 крутериума за ослободување од визи“. Критериумите варираат од гаранции за безбедност на лични документи до почитување на основните права.

Се очекува „зеленото светло“ за визи за Турција да биде во функција до крајот на јуни.  ЕК може да препорача укинување на визите за турските граѓани, но за да влезе во сила одлуката треба да биде поддржана од Советот на ЕУ и од ЕП.