Македонија
25. February 2021 - 10:51

ЕК повика шест членки да ги отворат границите и да ги олабават мерките

Европската комисија предупреди шест нејзини членки да укинат некои од нивните актуелни ограничувања и други мерки против коронавирусот, бидејќи со нив тие го попречуваат слободното движење на луѓето и стоките повеќе отколку што е потребно.

Европската комисија испратила писмо до шест земји членки – Белгија, Данска, Финска, Шведска, Германија и Унгарија, со кое ги повикува да овозможат слободно движење на граѓаните на Европската унија на нивната територија.

„Веруваме дека целта кон која Германија оправдано тежнееше – заштитата на јавното здравје за време на пандемијата, може да се постигне со помалку ограничувачки мерки“, напиша Европската комисија во писмото испратено до германскиот амбасадор во Брисел, Мајкл Клаус и амбасадорите на другите пет земји.

Во писмото се нагласува дека мерките на овие земји се „непропорционални и неоправдани“.

Владите на Белгија, Германија, Унгарија, Шведска, Данска и Финска имаат рок од десет дена да и одговорат на Комисијата. Според законот на Европската унија, доколку земјите-членки не ги преземат потребните чекори, Комисијата може да преземе правни мерки против нив.

Во писмото до амбасадорот Клаус, Комисијата го отвора и прашањето за граничната контрола што Германија ја има со Чешка и Словачка, бидејќи двете земји од германските власти се оцени како „подрачја што загрижуваат“.