Бизнис
12. May 2021 - 16:31

ЕК: Платите да растат паралелно со цените

Сиромаштијата ќе расте ако платите не го следат растот на цените. Европската комисија во најновиот извештај за земјава прогнозира дека инфлацијата ќе расте што е резултат на поскапувањето на цените.

Дел од европските земји да го спречат осиромашувањето на граѓаните применуваат модел на индексирање на платите со стапката на инфлација односно растот на инфлацијата секогаш е проследен со раст на платите. Но, ваквите правила си ги усвојува секоја земја поедичено, ЕУ не наметнува решенија во овој правец. 

Според прогнозата на комисијата, инфлацијата ќе продолжи да расте, а тоа се должи на се поскапата храна и енергенси.

Комисијата очекува економското опоравување годинава да добие цврста основа и годинава растот да стигне до 3,7%, враќање на патеките од пред кризата се очекува за догодина.