ЕК најави широк Економски и инвестициски план за Западен Балкан
Европската Комисија (ЕК) официјално најави дека ќе ги поддржи земјите од Западниот Балкан со 3,3 милијарди евра за справување со здравствената криза, како и со социоекономските последици од неа, јави дописничката на МИА од Брисел.
-Имаме посебна одговорност да им помогнеме на нашите партнери на Западниот Балкан во оваа пандемија, затоа што нивната иднина јасно припаѓа во Европската Унија. ЕУ мобилизира значителен финансиски пакет, со што ја потврдува својата силна солидарност. Заедно ќе ја надминеме кризата и ќе закрепнеме, изјави денеска претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен на неделникот состанок на еврокомесарите во Брисел.
Европската Комисија најави и дека подоцна во текот на оваа година ќе биде лансиран широк Економски и инвестициски план за целиот регион, кој ќе им биде презентиран на лидерите на земјите од регионот на шести мај кога ќе се одржи самитот ЕУ-Западен Балкан.
Овој Економски и инвестициски план има за цел да го поддржи економското закрепнување на шесте земји од регионот по здравствената криза со коронавирусот.
За периодот 2021-2027, Европската Комисија предлага вкупниот износ на претпристапниот инструмент да изнесува 14,5 милијарди евра, од кој најголем дел ќе биде за земјите од Западниот Балкан и предлага значително зголемување на финансиските гаранции за поддршка на јавните и приватните инвестиции во регионот преку воведување посебен инструмент.
ЕК инсистира на тоа економското закрепнување на регионот да биде фокусирано на Зелената и дигитална транзиција, за да се рестартираат и модернизираат економиите на земјите од регионот.
-Европската Унија реагираше брзо сеопфатно за поддршка на Западниот Балкан во справувањето со пандемијата на Ковид-19, со неспоредлива финансиска помош и пристап до бројни ЕУ иницијативи. И нашата работа ќе продолжи со Економскиот и инвестицискиот план за регионот за справување со социоекономските последици од кризата, модернизирање на економиите, поддршка за реформите и затворање на развојниот јаз, и со тоа да им се пружаат конкретни бенефити на луѓето побрзо, изјави еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.
Комисијата предупредува дека надминувањето на кризите низ кои поминува регионот во моментов може да стане реалност „само ако партнерите работат на исполнување на нивните реформски заложби“.
Владеењето на правото, фунцкионирањето на демократските институции и јавната администрација остануваа клучни столбови за развојот на регионот, нагласува ЕК.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар